Територијата на Македонија утре петок, 19 јуни и за време на викендот (сабота и недела, 20/21 јуни) ќе се наоѓа под влијание на умерен топол бран од Африка кој ќе услови да имаме умерено високи температури на воздухот, пишува порталот Метеоаларм.
Времето ќе биде сончево, во текот на денот со појава на умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, а максималните од 27 до 34 степени.
Целата прогноза на макеоднскиот метеопрогнозер Славчо Поповки може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
