Колумбиската музичка ѕвезда Шакира повторно го привлече вниманието на светските медиуми откако беше забележана во американската сојузна држава Калифорнија, со мексиканскиот глумец Мануел Гарсија-Рулфо, предизвикувајќи сомнежи за потенцијална нова романса.
Фотографиите објавени ексклузивно од платформата „Думоа (DeuxMoi)“, покажуваат како двојката заедно го напушта ексклузивниот хотел „Сансет тауер (Sunset Tower)“ во Лос Анџелес. Според очевидци, латинопејачката и актерот од популарната серија на Нетфликс – „Адвокатот на Линколн“, биле „во исклучително добро расположение, видливо насмеани и во лежерни, црни комбинации за пригодата“, по што заедно заминале со неговиот автомобил.
Средбата се случила за време на кратката пауза од светската турнеја на Шакира – откако таа одржа два големи концерти во Лос Анџелес минатата недела.
Интересно е што овие фотографии се појавија само неколку дена откако Шакира отворено проговори за својот емотивен живот по бурната разделба со шпанскиот фудбалер Жерар Пике во интервју за списанието „Пипл (People)“. Пејачката во таа прилика изјави дека во мигов не размислува за нови врски.
Од друга страна, пак, 45-годишниот глумец неодамна се најде во средиштето на вниманието поради раскинувањето со Одри Мекгроу – ќерката на познатите музички ѕвезди Тим Мекгроу и Фејт Хил.
Покрај фотографиите, на интернет кружи и видеоснимка каде што Шакира и Мануел танцуваат во ресторан во Западен Холивуд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
