Апелацискиот суд Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја уби сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип.
Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел.
Во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84-годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право. Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
