Background

Принцот Хари со своето семејство следниот месец ќе ја посети Велика Британија

Според информациите од британските весници, семејството на принцот Хари следниот месец треба да пристигне во Велика Британија за да присуствува на настан поврзан со промоција на „Инвиктус гејмс“, меѓународно спортско натпреварување што принцот Хари го основа за повредени и болни припадници на вооружените сили и воени ветерани.

Принцот, кој во 2020 година се пресели во САД заедно со својата сопруга Меган Маркл, во последните неколку години не ги носеше своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Велика Британија.

Сепак, портпаролот на принцот засега не ја потврдил информацијата.

- Advertisement -
Ad image

Минатата година принцот од Сасекс ја загуби судската битка против британската влада во врска со безбедносните аранжмани што му се обезбедуваат при престој во земјата. По пресудата, тој изјави дека не може безбедно да го доведе своето семејство во Велика Британија. Оваа одлука, во комбинација со јавниот и широко медиумски експониран конфликт што Хари го има со својот татко, кралот Чарлс Трети, и со својот постар брат, принцот Вилијам, придонесе монархот речиси воопшто да не ги види своите внуци откако се родени.

Според британските медиуми, евентуалната посета би можела да претставува редок момент на семејно зближување, иако односите меѓу членовите на кралското семејство и натаму остануваат нарушени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation