Background

СДСМ бара мораториум на изградба на странски комерцијални дата центри

СДСМ бара мораториум на изградба на нови странски комерцијални дата центри кои користат системо со вода и предупредува дека Владата на Христијан Мицкоски турка проекти кои носат сериозни ризици за водните и енергетските ресурси на државата.

На денешната прес-конференција, на СДСМ, Кристијан Дојчиновски рече дека „Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити“.

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив“, истакна Дојчиновски.

- Advertisement -
Ad image

Тој посочи дека иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за државата.

„Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот поврат – вработување и даночни приходи – е минимален. Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри питка вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители“, рече Дојчиновски.

Во услови на климатски промени, суши и воден стрес, ваквите проекти може директно да влијаат врз достапноста на ресурсите за граѓаните и земјоделството.

„Нашиот енергетски систем е веќе ранлив. ЕСМ работи со загуби и застарена технологија, МЕПСО има проблеми со балансирањето поради соларниот бум, а ЕВН се соочува со раст на пазарните цени. Додавањето на масивни 24/7 потрошувачи ќе ја зголеми зависноста од увоз, ќе ги покачи сметките за струја за граѓаните и ќе ја загрози стабилноста на мрежата“, нагласи Дојчиновски.

Тој додаде дека економските придобивки од ваквите инвестиции се ограничени.

„Вработувањето е исто така разочарувачко, само 25 до 50 директни работни места по објект, со поголемиот дел од управувањето на ‘remote’. Ова не е развој, туку создавање на ‘изолирани острови’ кои црпат ресурси, а профитот го извезуваат надвор“, рече Дојчиновски.

Посочувајќи на примери од повеќе земји, тој истакна дека во Холандија, Ирска и повеќе сојузни држави во САД веќе се ограничуваат или стопираат вакви проекти поради нивното влијание врз водните ресурси, електроенергетскиот систем и животната средина.

СДСМ бара мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри а доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија преку соларни паркови и батерии, без повлекување електрична енергија од националната мрежа.

„Јавно ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја прекинат оваа неодговорна политика и да ги стават интересите на граѓаните и одржливиот развој на прво место, наместо своите тендерски и провизиски интереси“, порача Дојчиновски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation