Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се сретнал со иранските репрезентативци по натпреварот со Нов Зеланд и им испратил порака на поддршка по турбулентните денови низ кои помина тимот.
На снимка што се појави на социјалните мрежи, Инфантино им се обраќа директно на фудбалерите.
– Знам низ што минувате. Разбирам. Но, вие сте посилни од сè – вели претседателот на ФИФА.
Тој додава дека иранската репрезентација успеала да обедини луѓе ширум светот.
– Го обединивте целиот свет, ви благодарам за тоа. И на преостанатите два натпревари повторно ќе направите целиот свет да се гордее со она што го правите.
Во шеговит тон им се обратил и на членовите на стручниот штаб.
– Ако на селекторот му затреба напаѓач, ќе дојдам на следниот натпревар да играм со вас – порача Инфантино, предизвикувајќи смеа во соблекувалната.
Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во Лос Анџелес заврши 2-2.
Фудбалот остана во сенка на контроверзиите откако Мохамед Мохеби голот за 2-2 го прослави со гест што наликуваше на пукање со пиштол кон трибините, предизвикувајќи бурни реакции на социјалните мрежи.
Иранците, пак, пристигнаа на Мундијалот по тешки подготовки, бидејќи дел од стручниот штаб не доби американски визи, а репрезентацијата беше принудена да се подготвува во Тихуана наместо во Аризона.
По ремито со Нов Зеланд, селекторот Амир Галени се пожали дека тимот морал веднаш да се врати во Мексико, што дополнително ја објаснува пораката на Инфантино дека „знае низ што поминуваат“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
