Во текот на денешниот ден среда, 17 јуни територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. Во ваква ситуација, денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ваквата ситуација апелирам кај граѓаните за поголема внимателност во случај на појава на невреме, силен ветер и на силни електрични празнења.
И во делови од Скопскиот регион денес среда, 17 јуни ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до 30 степени.meteoalarm
Tagged as:
17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија Денес среда
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
