Background

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот на високо ниво за превенција на насилството кај младите и на Церемонијата за потпишување на Декларацијата за намери за превенција од насилство кај младите, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На настанот, на кој присуствуваа претставници на Владата, меѓународната заедница, институции, младински и граѓански организации, беше истакната потребата од заеднички и координиран пристап во спречувањето на сите форми на насилство кај младите, вклучително и насилството во дигиталниот простор.

Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека превенцијата на насилството кај младите не е еднократна активност, туку континуиран процес кој бара секојдневна посветеност и координација меѓу сите релевантни чинители.
„Декларацијата за намери што денес ја потпишуваме поставува заедничка рамка за дејствување врз принципите на еднаквост, недискриминација, инклузивност, пристапност и активно учество на младите. Само преку силна меѓуинституционална соработка и навремена реакција можеме да создадеме побезбедна средина за младите – во училиштето, во заедницата и онлајн“, истакна Тошковски.

Министерот потенцираше дека Министерството за внатрешни работи веќе спроведува низа активности насочени кон превенција на насилството кај младите, меѓу кои воспоставување контакт-офицери во и околу училиштата, редовни средби со ученички совети, едукативни активности за врсничко и онлајн насилство, како и работилници за сајбер-булинг и безбедно користење на интернет.

- Advertisement -
Ad image

Воедно, беше посочено дека МВР го зајакнува присуството на полицијата во заедницата, особено во близина на училиштата и спортските објекти, како и соработката со спортските клубови во насока на препознавање и навремено пријавување на насилство, дискриминација и говор на омраза.

На настанот беше нагласена потребата од дополнително унапредување на координацијата меѓу образовните институции, полицијата, локалната самоуправа, здравствените и социјалните служби, со цел обезбедување побрз и поефикасен одговор на сите појави на насилство кај младите.
Со потпишувањето на Декларацијата за намери, институциите и партнерските организации ја потврдија својата заложба за создавање побезбедна, поинклузивна и поддржувачка средина за младите, ослободена од насилство и страв.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation