Драмски театар Скопје првиот дел од сезоната во која ја прославува 80-годишнината од постоењето, ја заокружува со изведба на претставата „Чудесна терапија“ утре (вторник) во 21 часот на отворено во центарот на градот. Граѓаните и посетителите на главниот град претставата ќе може да ја гледаат бесплатно на локацијата на малиот амфитеатар во комплексот на спомен-куќата на Мајка Тереза на улица Македонија во Скопје.
„Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф е Раде Василев.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Стамболџиоска.
Драматургот Александра Бошковска во програмската белешка за претставата вели:
– Претставата „Чудесна терапија“ се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно сме свесни дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада. Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, сѐ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.
Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има 55 изведби од кои десетина гостувања биле на театарските фестивали во Македонија и во земјите од регионот. Поради универзалноста на темата и бравурозната изведба на актерската екипа, комедијата има одличен прием и актерите добиваат силни аплаузи како израз на задоволство на театарската публика.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
