Background

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа го прослави својот 80. роденден со поздравување на прелиминарниот договор за прекинување на конфликтот со Иран и со организирање спортско шоу на Јужниот Травник на Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа го прослави својот 80. роденден со поздравување на прелиминарниот договор за прекинување на конфликтот со Иран и со организирање спортско шоу на Јужниот Травник на Белата куќа.

Трамп со недели ја најавуваше претстојната спогодба, а последните дипломатски чекори во конфликтот речиси го засенија настанот организиран од УФЦ (UFC), во кој борците, затворени во метален осмоаголен кафез се обидуваа да извојуваат победа со удари и со технички зафати.

И покрај веста за договорот, вниманието на Трамп брзо се насочи кон мешаните боречки вештини (ММА). На настанот присуствуваа високи претставници на администрацијата и републикански лидери, меѓу кои и директорот на ФБИ, Каш Пател и претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

- Advertisement -
Ad image

Полскиот претседател Карол Навроцки, исто така, беше забележан меѓу гостите во Белата куќа.

Трамп и претседателот на УФЦ, Дејна Вајт заедно тргнаа од Овалната соба кон балконот на Сината сала за да го погледнат кафезот, по што стоеја за време на интонирањето на химната, додека над нив прелетуваа воени авиони. Толпата скандираше „САД! САД!“.

Над 4.000 гледачи беа поканети на привремената арена, опремена со специјално осветлување, озвучување и огромни екрани, додека илјадници други гледаа од блиската полјана.

– Овој настан е единствен по својот вид, неверојатен е. Го обожавам – рече директорот на УФЦ, Дејна Вајт, близок пријател на претседателот, за време на промотивниот настан во петокот кај Меморијалот на Линколн, каде што борците се туркаа и се караа пред камерите под мирниот поглед на мермерната статуа.

Инаку, пред почетокот на борбите, шампионот во средна категорија Шон Стрикленд – отворен критичар на Израел – беше изведен од обезбедувањето од неразјаснети причини. Стрикленд, кој некогаш беше гласен поддржувач на Трамп, неодамна на социјалните мрежи изјави дека не бил поканет да учествува на неделниот настан поради неговите ставови за Израел, нешто што од УФЦ го демантираа.

EPA/ALEX BRANDON / POOL

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation