Само неколку часа по најавата за историски договор меѓу САД и Иран, од Израел пристигна јасна порака дека тој не ги обврзува израелските власти и нема да влијае врз нивните воени операции во Либан.
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изјави дека неговата земја не е дел од договорот и нема намера да се откаже од поставените воени цели.
„Трамповиот договор не нè обврзува. Израел не е подреден на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме партнери во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите борци“, порача Бен Гвир.
Неговите изјави следуваат откако САД и Иран објавија дека постигнале прелиминарен договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец и продолжување на кревкото примирје, што би можело да овозможи нормализирање на испораките на нафта и природен гас на светските пазари.
Иако деталите од договорот сè уште не се објавени, Иран соопшти дека неговата примена нема да започне пред официјалното потпишување, кое, според пакистански посредници, би требало да се одржи во петок во Швајцарија.
Дополнителен предизвик останува и иранската нуклеарна програма. Според најавите, договорот предвидува рок од 60 дена за решавање на прашањата поврзани со залихите на високо збогатен ураниум и иднината на нуклеарната програма на Техеран.
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, потврди дека е постигнат договор, но нагласи дека Техеран нема да започне со негово спроведување пред официјалното потпишување. Тој истакна дека во преговорите посредувал и Катар.
Веста за договорот прв ја објави Пакистан. Премиерот Шехбаз Шариф изјави дека двете страни прогласиле „итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“.
Сепак, останува нејасно дали Израел ќе прифати таков аранжман, имајќи предвид дека од почетокот на конфликтот по нападот на Хамас во октомври 2023 година, повеќепати самостојно носеше одлуки за воени операции во регионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
