Украина и Молдавија денеска започнуваат пристапни преговори со Европската унија, додека Црна Гора затвора уште две преговарачки поглавја, соопштија европски извори.
На меѓувладините конференции во Луксембург, Украина и Молдавија ќе го отворат првиот кластер „Основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, оценија дека одлуката претставува „стратешки избор што носи мир, стабилност и напредок во Европа“.
Во меѓувреме, Црна Гора бележи напредок во пристапниот процес и на денешната конференција ќе затвори две поглавја – за слободно движење на работници и за заштита на потрошувачи и здравје. Досега земјата има затворено 14 поглавја и се смета за најнапредна меѓу кандидатите за членство во ЕУ.



