Background

МВР – Извадок на дел од дневните настани, 12.06.2026 година

На 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило ,,шкода” и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф”, констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата директно или индиректно и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до нејзиното живеалиштето.     

 На 11.06.2026 во 12:25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано ,,Турски андак’’, 16-годишник од с.Разловци, делчевско, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.    

 На 11.06.2026 околу 13:00 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ќ.И.(25) од Скопје. при контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „ауди“  со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управува без претходно да има положено возачки испит. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Advertisement -
Ad image

 На 11.06.2026 во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција. При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките. Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 На 11.06.2026 во 20:50 часот на магистрален пат во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода М.Н.(28) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле мопед со кичевски регистарски ознаки, при што било констатирано дека М.Н. го управувал мопедот без претходно да се стекне со право на управување. По наредба на јавен обвинител мопедот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

 ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Д.(47) и Н.Д.(51), двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. При контрола извршена на 20.05.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените како со забранети средства – мрежи за подводен риболов т.е. со поставување на рибарска мрежа во должина од околу 30 триесет метри во дебарското езеро, вршеле незаконит риболов. Мрежите и незаконски уловената риба беа одземени.

 На 11.06.2026 во 23:45 часот на ул.„Балканска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(43) од Штип затоа што околу 22:15 часот со остар предмет се заканувал на Р.Ј.(49) од Штип, по што фрлил и тврд предмет кон него и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 11.06.2026 во 17:10 часот во Дебар, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.(22) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило  „смарт“ со дебарски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа констатирале дека го управувал без претходно да се стекне со право на управување. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Е.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба,  издадено од надлежен орган.  

 На 12.06.2026 во 01:25 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Д.К.(56) од село Брвеница и Г.С.(26) од село Волковија, тетовско, затоа што под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На  11.06.2026 околу 17:30 часот на ул.„Јанко Глигоров“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле Д.Н.(37) затоа што под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување. Откако бил спроведен во полициска станица продолжил со агреисвното однесување, се заканувал на полициски службеници и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(43) и Д.Н.(69), двајцата од село Ракитец, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“ по член 226 од Кривичниот закон. На 16.04.2026 околу 14:30 часот, на место викано „Горици“ во атар на с.Ракитец без одобрение од надлежен орган од катастарска парцела сопственост на Јавното претпроијатие „Национални шуми – Шумско стопанска единица „Смрдешник“ извршиле бесправна сеча на 261 стебло дабово дрво. Со извршеното дело тие нанеле штета на ЈП „Национални шуми“ во вкупен износ од 304.920 денари.   

 На 11.06.2026 во 23:03 часот на ул.„Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Г.(48) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Г. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 11.06.2025 во 05:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал Ц.Л.(27) од Германија и ѝ го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

 На 11.06.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(38) и В.Д.(30), од една страна и С.М.(27), Д.М.(33), Д.М.(38) и С.М.(44), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 На 11.06.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје, М.К.(24) од Скопје пријави дека околу 11:50 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation