Background

СДСМ: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори.
Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше.
Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“.
Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага.
Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори.
Мицковски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба, растечката сиромаштија.
Вистината е едноставна: пари нема, резултати нема, а лагите на Мицкоски повеќе не поминуваат.
После 2 години власт на Мицкоски Македонија се соочува со сериозни економски проблеми.
Граѓаните живеат полошо, животниот стандард е понизок. Во секоја област е полошо.
Платите се не го следат растот на цените. Животот станува сè поскап, сиромаштијата е зголемена за 22%.
Странските инвестиции бележат драматичен пад од над 60%, а економијата оди надолу.
Земјоделците се оставени сами, субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46%, најважната гранка за производство на храна – земјоделието е во целосен хаос.
Младите масовно ја напуштаат државата затоа што не гледаат перспектива.
Поддршката за Владата опаѓа, граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од нејзините неуспеси, а разочарувањето расте.
Колку повеќе растат цените, толку повеќе паѓа довербата во Мицкоски.
Следна причина е најавата за можни избори и во Србија и ова уште едно копу-пасте сценарио.
Падна Орбан, како што предупредувавме. А по Орбан, следува Вучиќ, па Мицкоски. Тоа е редоследот. Криминалната организација паѓа.
Паѓаат како домино.
ВМРО и Мицковски објавија нови нарачани резултати од анкети. Исто како што Орбан објавуваше анкети во Унгарија – а сите знаеме каков беше резултатот на крај.
Кога нема резултати, се фалат со лажни бројки. Ист принцип, исто школо.
Избори ќе има, бидејќи Мицкоски веќе го смислил сценариото, но нема да може да се спаси себеси и својата банда која ја опустоши државата.
Граѓаните одамна гледаат дека постојат двајца Мицкоски.
Едниот ветуваше враќање името и поништување на Преспанскиот договор, а другиот денес го нарекува ремек-дело на дипломатијата.
Едниот беше против НАТО, другиот денес се фали со членството.
Едниот водеше антиевропска кампања, другиот по европските престолнини ветува реформи и европски интеграции.
Истото се случува и со изборите.
Додека имаше простор за нови задолжувања и трошење на народните пари, Мицкоски уверуваше дека избори нема да има.
Сега кога ја губи поддршката, кога изгубија преку 150.000 гласови, кога рејтингот на Мицковски е во слободен пад поради секојдневни лаги и неиспорачни резултати – мораат што поскоро да распишуваат избори.
Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за рапишување избори

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation