Background

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница.

На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и пробиваат патишта бидејќи станува збор за тежок непристапен терен.

Како што информира допосничката на МИА од Штип, на теренот надлетува и еден од „Ер тракторите“.

- Advertisement -
Ad image

Упатен е итен апел до надлежните институции за брза интервенција поради големиот пожар над штипско Ново Село, кој повторно се разгорел и се шири со голема брзина.

Граѓаните бараат од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, како и од сите надлежни служби, под итно да бидат ангажирани авионите и хеликоптерите за гаснење на пожарот од воздух.

Според сведоштвата од терен, огнот веќе зафатил викендички и се движи низ исклучително непристапен терен каде што речиси е невозможно да се интервенира со возила и пешки екипи.

„Потребна е помош од небо. Човечка нога тешко може да стигне до местото. Пожарот се шири во непристапен предел, а ветерот дополнително го разгорува. Ситуацијата е сериозна и постои опасност од уште поголема хаварија доколку не се реагира веднаш“, апелираат граѓаните.

Тие тврдат дека станува збор за повторно активирање на вчерашниот пожар и изразуваат сомнеж дека огнот повторно е подметнат.

Од терен се посочува дека пожарот се движи кон густо пошумен предел каде што нема пристап за противпожарни возила, поради што единствено решение во моментов е интервенција од воздух.

Граѓаните бараат итна реакција од сите надлежни институции пред огнената стихија да предизвика уште поголеми штети.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека веќе дејствува „Ер трактор“ на ДЗС во гаснењето на пожарот над штипско Ново Село.

Тој соопшти и дека има повредено лице, сопственик на викендица зафатена од пожарот.

„Веќе дејствува Ер трактор на ДЗС. Има повредено лице, сопственик на викендица. Набргу ќе бидам на лице место“, напиша Ангелов.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation