Background

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА РАЗГОВОРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори.

– За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси. Сме кажале дека наша опција што ја префереираме како Влада е редовни  избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш  доколку тоа опозицијата го бара да излеземе на терен и повторно да победиме – рече Мицкоски, на новинарско прашање за исходот од средбата на претседателката Гордана Сиљановска со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова и ставовите за новите барања од Софија.

- Advertisement -
Ad image

Како што најави, од следната недела ги започува разговорите со коалициските партнери за реконструкцијата на Владата. Најпрвин сакам да ја слушнеме визијата, да видиме дали таа визија се поклопува,  па дури потоа можеме да зборуваме за кадровски структури, изјави Мицкоски.

Во однос на кадровските освежувања во ВМРО-ДПМНЕ најави дека покрај новиот состав на Извршниот комитет и новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во партијата ќе дојдат освежувања и во другите структури на партијата: Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт.  Остануваат, посочи, мали финеси кои ќе треба да се да се доусагласат и очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме, рече Мицкоски.

На синоќешните седници на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени одлуки за тројца нови членови на ИК и претседатели на над 30 општински комитети.

– Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за триесетина проценти нови луѓе коишто коишто сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. Така што, на овој начин остануваат уште некои мали финеси да се да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени,  посочи премиерот Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.

Мицкоски најави дека најдоцна до следната недела ќе има ново кадровско освежување и во останатите структури на партијата.

– Покрај новиот состав на ИК, новите претседатели на општинските комитети, ќе дојдат и освежувања во другите структури на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт. Остануваат мали финеси кои што ќе треба да се доусогласат. Јас очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме – кажа Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation