Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, менаџирањето со ризици и регионалната соработка. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на третата конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ „Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените ленти како столб на засилената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ“ што се одржува во Атина. На маргините на настанот, директорот Николовски заедно со помошник-директорот на Секторот за Царини при Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Борис Спасојевиќ, потпишаа Меморандум за размена на податоци преку SEED+ системот.
Иднината како што рече е во дигиталната интеграција и интероперабилноста на системите.
„Зелените ленти треба постепено да овозможат поголемо меѓусебно признавање на доверливите оператори и спроведените контроли, да ја зајакнат улогата на овластените економски оператори кои ќе имаат поголема одговорност и да придонесат за понатамошно намалување на времето потребно за царински контроли. Во иднина, овој концепт го гледаме како трајна мрежа на приоритетни коридори меѓу Европската Унија и ЦЕФТА, која ќе биде интегрален дел и од регионалните политики за поврзаност и од процесот на европската интеграција“, потенцира Николовски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
