Вчера во периодот од 18:00 до 24:00 часот, на подрачјето на општините Сарај и Ѓорче Петров во Скопје беше спроведена засилена сообраќајна акција од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје, при што се изречени вкупно 156 санкции.
Најголем дел од прекршоците се однесуваат на мотоциклисти. Изречени се 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум за возење велосипеди со помошен мотор без положен возачки испит, три за нерегистрирани мотоцикли, како и две санкции за возачи почетници. Евидентирана е и една мерка за непочитување на сообраќаен знак „стоп“, додека 108 мерки се однесуваат на други сообраќајни прекршоци, меѓу кои неносење документи, недоволно означени возила и непочитување првенство на минување.
Во текот на контролата, полицијата констатирала и едно кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297-а од Кривичниот законик, при што едно лице е лишено од слобода. Дополнително, уште едно лице е приведено откако при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Во рамки на акцијата е привремено одземен и еден нерегистриран мотоцикл кој бил во употреба повеќе од една година.
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Апелираат до сите учесници да ги почитуваат правилата и да придонесат кон побезбедни патишта.
Tagged as:
дрога и двајца приведени Засилена сообраќајна акција: 156 санкции
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
