Background

СДСМ: Власта не се грижи за македонскиот јазик, СДСМ бара Гаши да обезбеди надзорна расправа

НИКОЈ НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК! Ова е реченица која на денешно време и при донесена законска рамка, е навистина жално и тажно да се чуе. Иако постојано најавувавме и предупредувавме дека законот за употреба на македонски јазик кој беше донесен во јануари 2024та година не се применува, на никој како да не му е гајле во вмро дпмне.
На 23.03.2026 пратеничката група на сдсм и коалицијата поднесе барање за одржување на надзорна расправа за нефункционирањето на законот за македонски јазик. Или, како и пто слушаме и читаме деновиве, нема стратегија за македонски јазик, нема НАЦИОНАЛНА стратегија и НАЦИОНАЛЕН став за негување на македонскиот јазик. Македонскиот јазик и тие кои се грижат за него се ИГНОРИРАНИ од страна на министерот кој токмумтоа му е единствената задача. Откако две години алармиравме дека ништо не е помрднато во насока на имплементација на законот, се сети министерот и побара вработувања на лектори. Но, нема ниту една имплементација на било која одредба од законот.
И ако на една страна го ставиме законот, а на друга страна реакциите на јавноста по повод не превземање ништо од страна на ресорното министерство, секој нормален би се запрашал: дали министерот Љутков го мрази македонскиот јазик и никако да го стави како приоритет?
Нема интервју кое може да го покрие фактот за незаинтересираноста на министерот за имплементација на одредбите од законот за употреба на македонски јазик и немањето слух за заштитување и унапредување на најголемото културно наследство на македонија. Отука сомнежите кои денес се појавуваат во јавност се легитимни.
Како да се изгради единствен и силен став за македонскиот јазик пред надворешните предизвици, ако околу неговата заштита и развој постојат толку видливи несогласувања внатре во државата? И како да се испрати порака за национално единство околу едно од најважните идентитетски прашања, кога јавноста е сведок на јавни судири меѓу институциите и луѓето кои имаат задача да го чуваат, унапредуваат и афирмираат македонскиот јазик? Македонскиот јазик не треба да биде тема која се споменува само во свечени говори и пригодни обраќања, туку да биде меѓу првите приоритети во културните политики.
Затоа денес поднесуваме ургенција до претседателот на собранието, африм гаши за да се овозможи оддржување на надзорната расправа за законот за употреба на македонскиот јазик. Ова не е политичка битка- ова е битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик. Види помалку

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation