Background

Турски државјанин приведен по контрола на мобилен тим

Турски државјанин на возраст од 26 години е лишен од слобода откако во товарно возило на гранично подрачје кај Куманово бил пронајден поголем количински товар од кожен материјал, соопштија надлежните органи.

Вчера во 16:15 часот мобилен тим од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, при движење од Куманово кон Крива Паланка, забележал товарно возило „мерцедес-бенз“ со косовски регистарски ознаки и го сопрел за контрола.

При деталниот преглед на возилото, управувано од Т.Б.К. (26) од Турција, во товарниот дел биле пронајдени шест вреќи со вкупно 118 парчиња кожен материјал, со проценета површина од околу 177 квадратни метри.

- Advertisement -
Ad image

По насоки на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б од Кривичниот законик, за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

Тој е спроведен во Полициската станица Куманово, каде што ќе следуваат понатамошни постапки, додека надлежните работат на целосно расчистување на случајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation