Background

Невреме, обилни врнежи и голем пад на температурите доаѓаат во Македонија

Од северозапад, преку Алспкиот регион кон Балканот  и Македонија се движи ладен атмосферски фронт кој на Алпите донесе обилни снежи врнежи а ширум Балканот очекувам и појава на временски непогоди денес Четврток 11 Јуни 2026.

Во Македонија овој ладен атмосферски фронт од северозапад ќе пристигне денес Четврток 11 Јуни 2026 во попладневните  и во вечерните часови кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на локално невреме со град.

Во текот на ноќта кон Петок 12 Јуни 2026  и во Петок 12 Јуни 2026 во поголем дел од Македонија ќе имаме врнежи од дожд а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец  и со појава на локално невреме проследено со обилен пороен дожд (до околу 20 литри на метар квадратен дожд) силен ветер од северен правед (до околу 60 км/час) електрични празнења  и со појава на град.

- Advertisement -
Ad image

Во Петок на 12 Јуни 2026 исто така ќе дува умерен до засилен а долд Повардарието повремено силен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час) а температурите значително ќе опаднат и за 3 до 8 степени ќе бидат пониски за разлика од оние температури кои ги имавме до сега  и тие во Петок на 12 Јуни 2026 ќе бидат значително под просекот за Јуни и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во Скопје  и околината во Петок на 12 Јуни 2026 максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и со појава на град.meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation