„Па, ќе ги погодиме, ќе ги погодиме многу силно“.
Вака претседателот на САД одговори на прашањето да ја разјасни неговата денешна објава дека „Иран премногу одолговлекува и дека ќе мора да ја плати цената“.
На прашањето адли тоа значи продолжување на бомбардирањето, Трамп одговори:
– Да, па, со хеликоптерот (кој беше гаѓан од Иран), претпоставувам дека имаме право на тоа.
Шефоот на САД претходно го обвини Иран дека во вторникот соборил хеликоптер „Апачи“ со дрон покрај брегот на Оман.
– Вчера ги погодивме силно, а денес повторно ќе ги погодиме силно, во случај да сте го пропуштиле, во случај да не сте го вклучиле телевизорот.
Американскиот претседател претходно изјави дека би било глупаво да се објавуваат напади пред да бидат извршени.
– Тие треба да го потпишат својот договор. Тоа е добар договор – рече Трамп, додавајќи дека договорот му забранува на Иран некогаш да има нуклеарно оружје. „Не знам што прават.“
Тој тврдеше дека договорот бил „целосно договорен“, но дека Иран „се двоуми и се двоуми“.
Кревкото примирје меѓу САД и Иран повторно е ставено на тест откако двете страни разменија нови остри пораки и меѓусебни обвинувања.
Американската војска претходно денеска соопшти дека ги прекинала нападите врз Иран, кои беа започнати по соборувањето на американскиот хеликоптер „Апачи“.
Од иранска страна стигна одговор од министерот за надворешни работи Абас Арагчи.
– Нема да оставиме ниту еден напад или закана без одговор – порача Арагчи.

Според американските власти, нападите врз ирански цели биле одговор на соборувањето на американски воен хеликоптер во Заливот.
Техеран возврати со напади врз 21 цел во американските бази во регионот. Иранската револуционерна гарда соопшти дека биле погодени цели во Бахреин и во Јордан, додека Кувајт објави дека пресретнал напад.
Во меѓувреме, дипломатските канали остануваат отворени. Катарски посредници повторно отпатувале во Техеран во обид да спречат нова ескалација.
Во меѓувреме, Индија го осуди нападот врз танкер кај брегот на Оман, каде што исчезнаа тројца членови на екипажот. Танкерот „Сетебело“, кој плови под знамето на Палау, испратил повик за помош велејќи дека неговата машинска просторија била погодена додека се наоѓал кај Сохар во Оманскиот Залив.
На бродот избувнал пожар, а локалните власти помагаат во евакуацијата на екипажот, објави „Еуроњуз“.
Британската фирма за поморска безбедност „Вангард Тек“ беше првата што го пријави инцидентот. Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) подоцна го потврди нападот.
Кризата добива поширока регионална димензија. Израел продолжува со нападите врз цели во Либан, додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека конфликтот може да ја загрози безбедноста на целиот регион.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека неговата земја ќе продолжи силно да дејствува против Иран и неговите сојузници.
Воени аналитичари оценуваат дека последните напади покажуваат оти Иран сè уште располага со значителни капацитети.
Според анализата на „Скај њуз“, очекувањата дека Техеран брзо ќе биде принуден на отстапки не се оствариле.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека двете земји мора да излезат од сегашната состојба на „ниту војна ниту мир“.
Tagged as:
Техеран порача дека нема да молчи Трамп најави напад
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
