Background

Државата воведува ред во рударството и експлоатацијата на минерални суровини, а започнува и посериозно да го полни буџетот од концесиските надоместоци откако минатата година стапи во сила двојно поскап тарифник

Државата воведува ред во рударството и експлоатацијата на минерални суровини, а започнува и посериозно да го полни буџетот од концесиските надоместоци откако минатата година стапи во сила двојно поскап тарифник. Дополнително, се работи и на финализирање на новите закони за рударство и за геологија, преку кои се очекува пат за нови инвестиции, особено за критичните минерали чиј ископ би се спроведувал по најсовремени методи и запазување на европските стандарди. Дел од критичните минерали кои Македонија ги поседува е и бакарот. За ископ на овој метал веќе е најавена инвестицијата во Иловица.

Инвеститорот истакна дека станува збор за повеќе од 340 милиони евра во буџетот, но засега е неизвесно колку повисоки ќе бидат давачките на годишно ниво кон државата и општините, со оглед на фактот дека цената на бакарот расте, а државата лани го усвои новиот тарифник. Претходно се проценуваше дека надоместокот годишно ќе изнесува околу четири милиони евра и претставува 6% од добивката на компанијата пред нејзиното оданочување. Секоја година беше најавено редовно дека ќе се исплаќаат и приближно по 24 милиони евра за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет. Три милиони евра од таа вредност годишно беше предвидено да бидат внесени директно во буџетот на локалните општини што би придонело кон нивно зголемување за 40%, но сега се очекува бројките значително да се зголемат и државата многу повеќе да профитира.

Инаку, од ресорното Министерство истакнаа дека освен што концесиите поскапеле, наплатата двојно се зголемила и притоа се одземени и над педесет концесии. Според информациите, Министерството направило компаративна анализа, која покажала дека Македонија била убедливо најниска со цените во Европа и во регионот, па оттаму надоместоците биле зголемени за 100%. Сега, има и за 218% поголема наплата. Во 2024 година во буџетот се слеале 560 милиони денари, додека во 2025 година наплатата изнесува над една милијарда и двесте милиони денари.

- Advertisement -
Ad image

Од Министерството исто така информираа дека веднаш постапуваат по пријави, за евентуални прекршоци и нелегална експлоатација. Биле констатирани повеќе видови прекршоци. На пример, некои фирми не платиле концесиски надомест, додека други излегле надвор од полето на концесија.

Информациите следуваат откако беше усвоена и новата Фискална стратегија 2027-2031 година, која цели кон „подобрување на управувањето со природните ресурси и нивно рационално искористување“ и „воведување на најдобри современи достапни практики при искористувањето на минералните суровини преку истражување и експлоатација на минералните суровини“. Фискалната стратегија предвидува и индикатори според кои ќе мери дали се исполнуваат целите. Па така, посебни ставки се издадените концесии за детални геолошки истражувања и издадените концесии за експлоатација на минерални суровини.

За пример, во 2024 година државата издала само една концесија за детални геолошки истражувања, а сега се очекува да издава по петнаесет годишно, во периодот од 2026 до 2030 година. За да се исполнат целите, ќе се издаваат и повеќе концесии за експлоатација на минерални суровини. Во целата 2024 година власта издала само седум вакви концесии, додека пак од сега до 2030 година се предвидуваат по дваесет концесии на годишно ниво.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation