Во пресрет на туристичката сезона, сообраќајната полиција во Грција испраќа порака дека ќе има „нулта толеранција“ за прекршоци. Во претходните години постоеше непишано правило да им се гледа „низ прсти“ на туристите што оставаат пари, меѓутоа, ригорозните измени во грчкиот Закон за безбедност во сообраќајот целосно ја менува ситуацијата.
Со новиот закон, покрај повисоките парични казни, за повеќе прекршоци предвидени се и одземање на возачката дозвола или на регистарските таблички од автомобилот. Исто така, официјално е укинато правилото дека казната е двојно пониска ако се плати во рок од 7 до 10 дена, кое важеше досега.
Плаќањето на казните на може да се изврши на самото место, туку полицијата издава прекршочен налог. Казната се плаќа во локалната пошта (ЕЛТА) или во банкарските филијали на местото каде што е извршен прекршокот.
Доколку полицијата ви ги отстрани регистарските таблички, законскиот рок за нивно враќање често е 20 дена. Тоа значи дека, дури и ако ја платите казната, нема да можете да се вратите во земјата со својот автомобил, додека не истече тој рок. Останува можноста да платите шлеп-служба до граница, или да го продолжите одморот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
