Background

Синот на поранешниот канадски премиер се потпира на музичките совети на пејачката

Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (54) ја поддржа Кети Пери (41) на гала премиерата на концертниот филм „Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris“, на фестивалот Трибека во Њујорк.

За појавувањето на црвениот тепих, поп-ѕвездата избра спектакуларен бел фустан со детали во форма на роза и женствена пунџа, додека Трудо изгледаше елегантно во класичен црн костум со бела кошула. Канаѓанецот не ги криеше своите емоции додека познатата пејачка ги поздравуваше фановите и новинарите.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е сосема различно од „Part of Me“ – изјавила Кети за People, осврнувајќи се на нејзината документарна серија од 2012 година.

– Тогаш, тоа беше документарец за мојот живот, а ова е навистина концертно искуство на највисоко ниво за фановите. Го правам ова за моите обожаватели, бидејќи тие се оние кои ме поддржуваа сите овие години – повеќе од 18 години – рече таа.

Парот претходно, поточно, во април, се појави заедно на настан за Нетфликс серијата „Beef“, кадешто позираа за фотографии со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, и неговата сопруга. На настанот присуствуваа и принцот Хари, Меган Маркл, Чарлс Мелтон и Кери Малиган.

Гласините за романса почнаа да кружат во јули 2025 година, кога беа видени како  шетаат куче во парк во Монтреал, а потоа вечераат во ресторанот „Ле Виолон“. Претставник на ресторанот изјави за „Пипл“ дека биле „исклучително љубезни и пријателски расположени кон персоналот“ и дека лично отишле во кујната по вечерата за да им се заблагодарат на вработените.

По заедничката вечера, Трудо присуствуваше на нејзиниот концерт во Монтреал на 30 јули 2025 година. Врската започна само еден месец откако „Пипл“ потврди дека Пери и 48-годишниот Орландо Блум ја раскинале својата свршувачка по девет години врска.

Во годината откако почнаа да се забавуваат, Пери ги запозна децата на Трудо. Неговиот син Ксав, 18, кој е исто така музичар, неодамна откри дека се потпира на неа за музички совети.

– Кога сум навистина задоволен од некоја песна, ѝ ја праќам. Таа секогаш со задоволство дава совет или кажува што треба да сменам – рекол Ксав.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation