Background

Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а наскоро и лажен леб

Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а наскоро и лажен леб.
Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла.
Овој пат објавува „10 милијарди евра за 10 години“ и „57 километри автопат“.
Ова не е некаков план туку класична пропаганда која ние денеска ја разобличуваме.
Ајде да погледнеме што всушност најавува.
Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, железница, болници, енергетски објекти и други капитални проекти.
Сето тоа, велат, вреди 10 милијарди евра.
Прво, 57 километри автопат за 10 години. Тоа значи 5,7 километри годишно. Пет километри и седумстотини метри автопат по година. Ова е смешно.
Македонија со ова темпо ќе ја гради својата автопатска мрежа уште неколку децении, како што ни ветува дека и ЕУ ќе ја чекаме со децении.
Второ, БДП на Македонија изнесува околу 14 до 15 милијарди евра.
Најавата за 10 милијарди евра значи 1 милијарда евра годишно само во инфраструктурни проекти.
Тоа е 6 до 7 отсто од целиот БДП секоја година.
Ова е огромен износ за ваква мала економија.
Но, уште поопасно е што нема ниту еден јасен извор на финансирање.
Јавниот долг Мицоски веќе го зголеми за преку 2,3 милијарди евра за 2 години.
ЕУ фондовите се блокирани, буџетот е празен, а странските директни инвестиции паднаа за 60 отсто.
Единственото што останува е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните преку повисоки даноци и поскапи услуги.
Трето, во моментот кога Мицкоски тврди дека Македонија е „трета економија во Европа“, граѓаните имаат празни фрижидери.
Имаме најниски плати во регионот, најниска минимална плата, а цените на основните производи растат секој месец.
Како е можно една земја да биде „трета економија“ кога нејзините граѓани се меѓу најсиромашните во Европа?
Четврто, оваа најава доаѓа во моментот кога рејтингот на Мицкоски опаѓа.
Затоа повторно гледаме лажни анкети, исто како што Орбан објавуваше анкети дека убедливо води, а на крајот изгуби.
Исто како што Вучиќ објавува свои анкети, а не смее да распише избори.
Copy-paste модел.
Лажен патриотизам, лажни анкети, лажни реформи и сега уште еден слој – лажни економски ветувања.
Петто, кога некој кажува „10 милијарди за 10 години“, а не кажува од каде точно ќе дојде тој пари и како ќе се врати, тогаш не се работи за развој, туку за нова должничка замка.
Граѓаните ќе плаќаат камати, ќе плаќаат поскапи услуги, а на крајот ќе имаат уште помалку пари во џеб.
Мицкоски и неговата криминална организација немаат ниту еден реален резултат.
Затоа произведуваат лажни вести, лажни анкети и лажни ветувања. Сè е исто – истата пропагандна машинерија што ја користат авторитарните режими во регионот.
Граѓаните не јадат цртежи од табла. Тие јадат поскап леб, плаќаат повисоки сметки и гледаат како нивната иднина се продава за лажен оптимизам.
Доста е со оваа измама

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation