Background

Република Српска им стави крај на измамите со млечни производи

Производите што содржат палмино масло или други растителни масла, односно што имитираат млечни производи, од средината на јуни на полиците на пазарите во Република Српска ќе бидат обележани со црвена боја со јасно изразен натпис дека не се 100% млечни производи, објави Независне новине.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС донесе Правилник со кој се воведуваат построги правила за декларирање и продажба на производи што имитираат млечни производи.

Ова е одговор на властите на барањето на  домашните млекарници, кои предупредија за присуството на производи со растителни масти во сегментот на млечна храна, што беше потврдено и од тамошниот Инспекторатот.

- Advertisement -
Ad image

Станува збор за мерка што директно го менува начинот на кој овие производи можат да се етикетираат, рекламираат и прикажуваат во продавниците, а клучната цел е да се спречи производите со растителни масти да изгледаат како традиционални млечни производи.

Правилникот воведува задолжително визуелно предупредување на сите производи што содржат замени за млечна маст. На пакувањето или до производот мора да има етикета на која јасно се наведува дека производот не е целосно од млечно потекло и дека содржи палмино или друго растително масло.
Во пракса, ова значи дека производите што се во категории како сирење, млечни намази, павлака и слични производи, но содржат растителни масти, повеќе не можат да се претставуваат како класични млечни производи без јасно предупредување.

Една од најстрогите одредби се однесува на маркетингот. Употребата на имиња и визуелни елементи што можат да го доведат во заблуда потрошувачот е забранета – како што се терминот „сирење“, „вид сирење“, „растително сирење“ или слични формулации што имитираат млечни производи.

Исто така, забрането е користење слики и дизајни што се поврзани со млеко и млечни производи ако содржината на производот всушност не е таква.

Трговците, исто така,  се должни физички да ги одвојат производите со растителни масти од вистинските млечни производи во ладилници и на полиците.

Со правилото се опфатени и пекарските и другите производи кои содржат „млечни производи“ со палмино масло.

Целта е потрошувачот да може да ги разликува млечните производи од нивните растителни замени на прв поглед.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation