Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот. Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“.
Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет од 9 до 16 јуни.