Владата донела одлука обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, да се исплаќаат со кредит од четири македонски банки, објави Фактор.
Одлуката била донесена на седница на Владата на 2 јуни. Кредитот ќе изнесува 140 милиони евра, со рок на користење 30 месеци, грејс период од три години и отплата во следните 12 години.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е овластена да ја потпише државната гаранција, која го покрива главниот долг, каматата и провизијата во случај Јавното претпријатие за државни патишта не ги исполни обврските кон банките.
„Со оваа одлука, Владата издава државна гаранција со која го гарантира навремено и целосно исполнување на обврските на Јавното претпријатие за државни патишта кон четирите банки по основ на провизија за одобрен, а неискористен износ на кредит, главен долг и камата“, се вели во објавата во Службен весник.
На истата седница била одобрена и државна гаранција за заеднички кредит од 176,5 милиони евра за доизградба на автопатот Кичево – Охрид, кој досега се финансираше од кинеската Ексим-банка. Условите за кредитот се идентични како за „Бехтел и Енка“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
