Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало откако навлезе во воздушниот простор на Летонија, соопшти денеска летонската армија.
Според воените власти, станува збор за странско летало кое завршило во летонскиот воздушен простор како последица на „руско електромагнетно војување“.
Во првичните информации не се наведени дополнителни детали за потеклото или за типот на леталото.
Претходно, жителите на неколку источни региони беа предупредени за можна закана од воздух, а во две области им беше препорачано да побараат засолниште. По соборувањето на дронот, тревогата беше укината.
Летонија, членка на НАТО и на Европската Унија, која граничи со Русија и со Белорусија, во последните месеци бележи зголемен број инциденти со беспилотни летала.
Во повеќе наврати дронови што Украина ги користела за напади врз цели во северозападна Русија навлегле во воздушниот простор на балтичката држава и се урнале на нејзина територија.
Досега не се регистрирани поголеми материјални штети или човечки жртви. Сепак, ваквите инциденти предизвикаа политичка криза во Летонија и доведоа до промена на владата.
Tagged as:
Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало откако навлезе во воздушниот простор на Летонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
