Background

Европската комисија ја предупреди Албанија дека проектот поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер на јужниот брег на земјата би можел да ја стави Албанија во судир со еколошките правила на ЕУ, загрозувајќи ја нејзината способност да го затвори зеленото Поглавје 27 во нејзините пристапни преговори

Европската комисија ја предупреди Албанија дека проектот поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер на јужниот брег на земјата би можел да ја стави Албанија во судир со еколошките правила на ЕУ, загрозувајќи ја нејзината способност да го затвори зеленото Поглавје 27 во нејзините пристапни преговори.

Во меѓувреме, албанските граѓани со масовни протести се спротивставуваат на изградбата на луксузно одморалиште кај местото Зврнец, тврдејќи дека проектот се заканува на заштитено подрачје за диви животни каде што живеат фламинга, фоки и каде што има места за гнездење на желките.

– Албанија треба да се воздржи од дејствија што би можеле да го поткопаат исполнувањето на завршните критериуми и очекуваме албанските власти да дејствуваат без одложување – изјавил неименуван портпаролот на Европската комисија за Политико.

- Advertisement -
Ad image

Како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, нагласува портпаролот, од Албанија се очекува да се усогласи со правилата на ЕУ за животна средина.

– Во процесот на пристапување кон ЕУ, како дел од завршните критериуми за преговори за Поглавје 27 за животна средина и климатски промени, од Албанија се очекува целосно да се усогласи со законодавството на ЕУ во оваа област, вклучувајќи ги и Директивите за птици и живеалишта – вели портпаролот, повикувајќи ја Албанија да ги укине промените во Законот за заштитени подрачја и да го укине законот за стратешки инвестиции.

Портпаролот, исто така, изјавил дека министерот за животна средина на Албанија, Софјан Јаупај, ја информирал Комисијата во Брисел дека изградбата на проектот е суспендирана и дека ќе се спроведе проценка на влијанието врз животната средина, во соработка со граѓанското општество.

– Веќе му ја изразивме нашата загриженост на министерот за животна средина за потенцијалните недостатоци на овој проект – вели портпаролот.

Протестите во Албанија, кои добија име Фламинго-револуција се интензивираа во текот на викендот, со растечки повици премиерот Еди Рама да поднесе оставка.

Албанскиот обвинител за борба против корупцијата, СПАК, исто така отвори истрага за контроверзните промени во заштитениот статус на подрачјето и сопственоста на земјиштето во 2024 година. Според критичарите, овие промени во Законот за заштитени подрачја отвориле врата за голем развој во чувствителни области со див свет. Тоа ја вклучува и заштитената област Вјоса-Нарта, на островот Сазан, каде што се наоѓа проектот поврзан со Кушнер и каде што нема оценка на влијанието врз животната средина.

Рама неодамна изјави за Политико дека во моментов нема голем интерес од лидерите на ЕУ за политичките немири во Албанија. Во интервју на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора на 5 јуни, Рама исто така тврдеше дека „да не беше Џаред, немаше да им биде гајле за проектот.

Албанци во Њујорк, Лондон, Брисел, Милано и Берлин, како и други градови во Албанија, се придружија на повиците проектот да се откаже и природата на Албанија да не стане жртва на неконтролиран туризам.

Албанија е фаворит за влез во ЕУ заедно со Црна Гора. Рама постави цел да се приклучи на блокот до 2030 година, а техничките преговори да завршат на крајот од 2027 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation