Background

Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот помеѓу двете земји по воспоставувањето на априлското примирје

Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот помеѓу двете земји по воспоставувањето на априлското примирје.

Израелската војска објави дека нејзините воздухопловни сили нападнале неколку цели во петрохемиски комплекс во Иран, лоциран во градот Махшахр, во југозападниот дел на земјата.

Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вршат напади врз воени цели во централен и западен Иран, по што беа пријавени експлозии во неколку ирански градови.

- Advertisement -
Ad image

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, појасни дека биле погодени локации за лансирање ракети земја-земја и воена инфраструктура која не е поврзана со енергетскиот сектор, како одговор на претходно испуканите балистички ракети од Иран.

„Ниту една земја во светот што се почитува себеси не би толерирала таков напад, а ниту Израел“, напиша Лајтер на X.

Од друга страна, Иран возврати со напади, а новинар од агенцијата Франс Прес извести дека слушнал експлозија над Ерусалим.

Техеран најавува „одговор на сите фронтови“

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека започнала нова воена операција против Израел наречена „Наср“, насочена кон стратешките воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“.

Операцијата „Наср“, посветена на мачениците од 12-дневната војна“, претставува директен одговор на ракетниот напад на, како што наведува ИРГЦ, „ционистичкиот режим“ врз повеќе радарски локации во Иран.

„Сите борбени и оперативни единици на ИРГЦ се во целосна подготвеност за спроведување обемна операција за одвраќање на сите фронтови и имаат подготвени планови за различни непријателски сценарија“, се додава во соопштението.

Израелската армија потврди дека Иран лансирал втор бран ракети кон израелска територија, додека сирените за воздушна опасност се огласиле во повеќе делови од земјата.

Нападите уследија кратко време по израелските воздушни удари врз Иран, при што беа пријавени силни експлозии во Техеран, Табриз и Исфахан.

Трамп го убедувал Нетанјаху да ги одложи нападите

Според американски претставници, претседателот Доналд Трамп вчера телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побарал од него да го одложи евентуалниот одговор кон Иран.

Трамп предупредил на ризикот од понатамошна ескалација и изразил уверување дека договорот со Иран е блиску, но израелската страна сепак одлучила да возврати по првичниот ирански напад.

Случувањата предизвикаа реакции и во американската политика. Демократскиот сенатор Крис Марфи упати остри критики кон американскиот претседател.

– Оваа војна веќе беше понижувачка за Трамп и за американската моќ, воопшто. Ако Трамп најави дека ќе му каже на Нетанјаху да не возвраќа, а неколку часа подоцна Израел сепак возврати, тогаш понижувањето станува уште поголемо – изјави Марфи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation