Џенифер Лопез предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во саботата објави видео без шминка, во кое промовираше нов производ од нејзината козметичка линија JLo Beauty.
56-годишната актерка, пејачка и претприемачка се сними себеси во бањата додека го претставуваше новиот производ, а воедно и ја најавуваше редизајнираната веб-страница на нејзиниот бренд.
Видеото брзо собра бројни комплименти од следбениците.
„Кожата сјае, косата сјае, животот сјае“, „Зрачи со беспрекорен сјај“.
Во видеото, Лопез објасни дека серумот содржи ретинол, витамин Ц и други активни состојки кои помагаат да се постигне помазна, посветла и посјајна кожа. Ѕвездата се појави во златна сатенска наметка и пуштена коса.
Сепак, не беа сите воодушевени од објавата. Некои следбеници ја обвинија Џенифер дека користела филтер додека промовира производ за нега на кожа.
„Ако производите се толку добри, тогаш зошто користите филтер?“, „Ќе беше многу поубедливо ако не користевте филтер“.
Некои коментираа дека видеото изгледало матно и дека било тешко да се процени вистинскиот ефект од серумот.
Џенифер Лопез го лансираше својот козметички бренд JLo Beauty на 1 јануари 2021 година. На крајот од 2025 година, брендот ја освои наградата Вeauty Innovation Award за маска за очи, која, според производителот, помага во намалување на отокот и нагласување на контурите на лицето.
JLo Beauty исто така нуди производи како што се креми со SPF, хидратантни креми, серуми за тело, креми за тело и балсами за нега на кожа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
