Tри лица загинаа, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидихо во близина на италијанскиот град Анкона, објави агенцијата Анса.
Двајцата повредени се однесени во болницата Торете во Анкона.
Во времето на експлозијата, во зградата се наоѓаа две семејства, а силната детонација предизвика нејзино целосно уривање.
Противпожарната служба, брзата помош и агенциите за спроведување на законот брзо пристигнаа на местото на настанот.
Во несреќата загина 47-годишниот Џузепе Пјерони, кој беше пронајден мртов на самото место, додека телото на 89-годишната Еторина Пакапело беше пронајдено по неколкучасовно пребарување.Нејзиниот 60-годишен син Романо Черкети им подлегна на повредите во болницата во Анкона.
Родителите на жртвата Џузепе Пјерони беа повредени во експлозијата. Тие беа префрлени во болницата во Анкона.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
