Background

Стартува примената на законот за заштита на македонскиот јазик

Со цел да се заштити и унапреди употребата на македонскиот литературен јазик, започнува имплементацијата на законското решение кое наложува формирање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ појасни дека процесот бара серија системски чекори за ова тело конечно да профункционира.

– Новото законско решение предвидува буквално секоја институција да мора да вработи лектор во сопствените редови. Донесена е одлука инспекторатите да не функционираат како одделни правни субјекти, туку да бидат директен дел од Министерството. Веќе е назначен директор на институцијата и изработена е нова систематизација. Воедно, објавен е и конкурс за вработување на лектори, за кој постои апсолутен интерес – информира министерот.

Според новиот закон, избраните лектори мора да поминат обука од минимум една година пред да можат да станат инспектори кои ќе работат на терен и ќе вршат инспекција за правилната употреба на македонскиот јазик.

- Advertisement -
Ad image

Според министерот, лекторството во моментов претставува запоставена, но веројатно една од најважните професии во државата. Тој потсети дека во минатото грижата за јазикот била на многу повисоко ниво и дека институциите со години имале редовно вработени лектори. Како пример ги посочи театрите, каде лекторите се грижеле актерите да зборуваат правилно, избегнувајќи дијалекти и акцентски грешки.

Откако овие стручни лица заминале во пензија, нивните работни позиции едноставно згаснале. Резултатот од тоа е што театрите повеќе од десетина години немаат лектори.

– Овој акутен недостиг на лектори е присутен и во медиумите и во најголемиот дел од останатите институции, што денес резултира со сериозен проблем со примената на литературниот јазик во јавниот простор. Враќањето на лекторите и инспекторите во институциите треба да стави крај на оваа негативна тенденција – рече министерот Љутков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖