СДСМ: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија
ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија.

„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации.
„Сите сигнали и пораки коишто ги добиваме и од претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, и од извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц кој што се усвои во Комитетот за надворешни работи, и од еврокомесарката за проширување Марта Кос, и од претходни евроамбасадори во нашата држава, како и актуелниот амбасадор Михалис Рокас, сите одат на таа линија, дека ние мора да си ја завршиме домашната задача, односно тоа се носењето на уставните измени и дека тоа е единствениот пат кон ЕУ“, рече Лукаревска.
Во дебатата Лукаревска потсети дека ВМРО излажа пред изборите, тврдеше промена на преговарачката рамка, но по речиси две години на власт се покажа дека излажаа, додавајќи дека преговарачката рамка не е билатерално прашање, туку рамка усвоена од Европската Унија.