Background

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ МЕЃУ НАЈБРЗОРАСТЕЧКИТЕ ВО ЕВРОПА

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ, според анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година на Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe).

Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (намалување за 7,6 %), првпат по закрепнувањето од ковидот, помал број пазари бележат импресивни зголемувања, како што се Северна Македонија  каде што е забележан раст од 30,6%, Албанија (25,3%) и Молдавија (24,6%).

Во првите пет месеци од 2026 година, јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2 % повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милион патници (1.580.932), а бројот на летови порасна за 9,5%, со вкупно 10.595 опслужени летови.

- Advertisement -
Ad image

Истовремено, анализата на статистиката на „ТАВ Македонија“ која управува со двата аеродрома за првите 5 месеци покажува рекорден двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај од 31,2 %). Во април беше 30,6 %.

-Тоа ги  позиционира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките авијациски пазари во Европа и како топ-перформери од западниот дел на земјите надвор од ЕУ. По аеродромите во Скопје и Охрид, се оние во Албанија и Молдавија, исто така со двоцифрен пораст, но под 30 %. Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Ова достигнување е резултат на континуирани инвестиции во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг-активности, успешна соработка со авиокомпаниите и поддршката од Владата. Особено сме задоволни што во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патници – рече Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај.

– Иако веќе забележувавме нормализација на растот на патничкиот сообраќај по силното постпандемиско закрепнување, геополитичката нестабилност – особено конфликтите на Блискиот Исток – сега дополнително го забавува растот и открива значителни разлики во перформансите на разните пазари. Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, приспособувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена – истакна Јанковец.

Според анализата на воздушниот сообраќај на ACI Europe од април 2026 година, меѓу најголемите пазари на ЕУ, аеродромите кои имаат раст на бројот на патници се тие во Шпанија со раст од 3,7 % и во Италија со раст од 2,2%. Спротивно највисок пад на бројот на патници од 8,5% има во Германија, Велика Британија (2,1 %) и Франција (0,9 %).

Најдобрите перформанси во ЕУ+ (група што  ги опфаќа земјите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕО), Швајцарија и Обединетото Кралство) ги имаат аеродромите во Словачка со раст од 125,2 %, Словенија (14,6 %), Естонија (12,1 %), Малта (13,5 %) и Полска (8,3 %).

Заклучокот на ACI Europe е дека – додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност.

Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation