Уште една сообраќајна несреќа се случи на нелегалниот пешачки премин во скопската населба Бит Пазар, место кое со години важи за една од најризичните точки за пешаците во главниот град.
Во несреќата што се случила вчера попладне, автомобил удрил жена и маж кои го преминувале коловозот. Двајцата се здобиле со телесни повреди и биле пренесени на лекарска помош, но според првичните информации нивните животи не се во опасност.
На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници, кои извршиле увид и работат на целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Инцидентот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на оваа локација, каде во изминатите години се регистрирани десетици сообраќајни незгоди со пешаци.
Жителите и случајните минувачи велат дека проблемот е одамна познат и дека е неопходно итно решение.
„Ги видов само кога паднале, не видов подалеку, но велат дека дошле од тука и таму. Тука треба да се постават семафори, нема друг начин“, изјави еден граѓанин кој бил во близина на местото на несреќата.
Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
