Со оглед на тоа што Светското првенство е пред врата, Кристијано Роналдо е во полни подготовки по кратката пауза, но неговата свршеница Георгина Родригез успева да помине уште неколку дена во мир пред првенството.
Таа беше фатена од папараците на јахта на Мајорка, но таму не само што одмараше, туку малку и работеше. Всушност, таа е новото лице на брендот Калцедонија и ги снимаше за нив најновите модели, а бикините што ги покажа ги истакнаа нејзините заводливи облини.
На тој начин таа уште еднаш покажа како ги комбинира гламурозниот одмор и работата, а по снимањето скокна во морето, додека нејзините над 70 милиони следбеници на Инстаграм едвај чекаат да ги видат нејзините фотографии од овој сет на палубата на луксузна јахта.
Нејзиниот избраник, пак, наскоро се упатува кон Америка за Светското првенство, а како предводник на Португалија, ќе го одигра својот прв натпревар на 17 јуни против ДР Конго. Многумина се надеваат дека Георгина, која веќе почна да споделува содржини поврзани со Светското првенство во своите Инстаграм приказни, би можела да му се придружи во Америка.
Неколку костими за капење што ги носеше 32-годишната Родригез ѝ стоеја совршено, а посебно внимание привлече црно-бел едноделен костим за капење со танга што дополнително ја нагласуваше нејзината фигура. Меѓу другите модели, Георгина покажа и впечатлив жолт костим за капење со длабоко деколте на грбот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
