Постигнатиот договор за прекин на огнот помеѓу владите на Либан и на Израел е имагинарно примирје, порача лидерот на Хезболах, Наим Касем.
Според него, со договорот се бара повлекување на Хезболах од јужен Либан, а воедно му се дозволува на Израел да „продолжи со својата агресија“.
– Примирјето е предавање, пораз и постигнување на непријателските цели – рече Касем.
Тој ја повика владата на Либан да ги прекине директните преговори со Израел, нарекувајќи ги „фарса и навреда“.
– Нас нè интересира само сеопфатен крај на агресијата, прекин на огнот и повлекување на израелските сили. Додека трае окупацијата ќе продолжи и отпорот – наведе Касем.
Претходно, Хезболах го отфрли договорот за примирје што беше постигнат помеѓу Либан и Израел, оценувајќи го како „патна мапа за истребување на дел од либанскиот народ и за поробување на другите“.
И Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека „нема да има мир во регионот“ без повлекување на Израел од либанска територија.
„Нашиот почетен услов за прифаќање на прекин на огнот во регионалната војна беше прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан. Непријателот мора итно да ги запре нападите врз либанскиот народ, веднаш да се повлече зад меѓународните граници со евакуација од окупираните области на Либан и да го признае територијалниот интегритет на Либан“, се наведува во соопштението на ИРГЦ.
Со договорот постигнат во Вашингтон помеѓу Израел и Либан се повикува на „целосен прекин“ на огнот од страна на Хезболах и повлекување на групата од јужен Либан.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го поздрави договорот, истакнувајќи оти израелската армија ќе „продолжи со операциите на терен“ и ќе одржи „континуирано присуство во безбедносната зона во Либан, без враќање на населението“.
Министерството за јавно здравство на Либан соопшти дека во израелските напади од 2 март до денеска загинале најмалку 3.526 луѓе, а повредени се 10.733 лица.
Поради војната помеѓу Израел и Хезболах раселени се повеќе од милион луѓе.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
