Background

Во периодот јануари – април 2026 година во споредба со истиот период од ланската година е забележан речиси еднаков раст на извозот и увозот

Во периодот јануари – април 2026 година во споредба со истиот период од ланската година е забележан речиси еднаков раст на извозот и увозот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 3,25 милијарди долари што споредено со истиот период лани е раст од 16,8%. Вредноста на увезената стока во периодот јануари – април 2026 година, порасна за 16% и  изнесува 4,62 милијарди долари.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

- Advertisement -
Ad image

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,3 % во вкупната размена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation