Управата за јавни приходи(УЈП) ја почна третата фаза од проектот е-Фактура, која предвидува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација.
Оваа фаза, како што соопшти УЈП, се преминува на тестирање на веб апликацијата, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање.
Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура.
Со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании – избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе го спроведуваат ова тестирање.
Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.
Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.
Проектот е-Фактура веќе ги помина првите две фази во кои прво се тестираше тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура, а потоа во втората фаза беа додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори.
УЈП во наредниот период , во соработка со Стопанските комори, ќе организира средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура.
Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
