Background

Португалскиот тренер Жозе Мурињо стапил во контакт со челниците на Бенфика за да ги увери дека не стои зад видеото во кое е прикажан во дрес на Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо стапил во контакт со челниците на Бенфика за да ги увери дека не стои зад видеото во кое е прикажан во дрес на Реал Мадрид. Португалските медиуми објавија дека искусниот тренер смета оти снимката е изработена со помош на вештачка интелигенција.

Контроверзната снимка пре дизвика бура откако беше објавено на веб-страницата на Флорентино Перез, претседателот на „тимот од Сантијаго Бернабеу“.

Видеото се појави на интернет во момент кога се засилија шпекулациите за можно враќање на Мурињо ка Кралевите. Во кратката снимка Португалецот е прикажан во дрес на Реал Мадрид и го изговара само зборот „да“.

- Advertisement -
Ad image

Покрај видеото беше објавена и пораката:

„Има уште многу историја што треба да се напише“.

Над написот со големи букви стои „Гласај“ (Vota).

Загреана клупа во Реал

Актуелниот прв човек на Реал Мадрид распиша предвремени избори по турбулентната сезона, а противкандидат му е Енрике Рикелме.

Во дел од шпанските медиуми се појавија информации дека Перез е подготвен повторно да му ја довери клупата на Мурињо доколку добие нов мандат.

Покрај тренерското прашање, се споменуваат и неколку можни засилувања за тимот. Меѓу нив се Дензел Дамфрис и Ибрахим Конате.

15 милиони евра на чекање

Противкандидатот Енрике Рикелме најави поинаква визија за иднината на клубот. Тој порача дека сака да го донесе Родри на „Сантијаго Бернабеу“, како и еден од најпознатите тренери во светот.

Сепак, нагласи дека тоа не е Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, португалскиот весник „Рекорд“ објави дека Реал Мадрид ја известил Бенфика за намерата да ја активира откупната клаузула од 15 милиони евра следната недела.

Според истиот извор, португалскиот клуб размислува за Марко Силва како можна замена доколку Мурињо замине.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation