„Украина сега е толку успешна што Путин можеше да организира парада на 9 мај само затоа што му дозволивте да трае 2 часа“.
Вака изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Киев обраќајќи му се на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Шегата дојде по серијата украински удари длабоко на руска територија.
Украинските сили за беспилотни системи и Службата за безбедност на Украина соопштија дека во ноќта меѓу 2 и 3 јуни ја погодиле корветата „Бојки“ од Балтичката флота во поморската база Кронштат.
Според украинската страна, нападот бил дел од истата операција во која беше погоден и нафтен терминал во Санкт Петербург за време на економскиот форум што се одржува во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека му дозволивте да го стори тоа два часа. И заврши за час и 55 минути, па затоа не ризикуваше ништо“, наведе Руте осврнувајќи се на воената парада што Москва ја организираше на 9 мај.
Шегата на Руте се однесува на фактот што на парадата оваа година за првпат немаше текови, ракети и друга тешка воена техника.
Украинскиот напад со дронови врз Кронштат и Санкт Петербург има и силна симболика. Санкт Петербург е родниот град на Владимир Путин и често се смета за негово политичко упориште.
Црн чад се издигна над делови од градот токму кога почнуваше економскиот форум на кој присуствуваат илјадници гости од десетици држави.
Украинскиот напад го засени отворањето на она што некои го нарекуваат „рускиот Давос“.
Киев ги претставува ваквите операции како одговор на руските напади врз украинските градови и инфраструктура.
Русија во текот на војната повеќепати го ракетираше Кривји Рих, родниот град на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека руската инвазија врз Украина претставува стратешка катастрофа.
– Мислам дека во овој момент нема сомнение дека инвазијата на Украина беше стратешка катастрофа за нив – изјави Рубио.
Тој додаде дека Москва нема да ги постигне целите што ги поставила на почетокот од војната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
