Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска ги повтори своите тврдења дека војната со Иран е завршена и нагласи дека Соединетите Американски Држави постигнале победа.
Рубио беше критикуван за оваа проценка за време на неговото сведочење пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.
Во вербална престрелка со демократската претставничка Сара Џејкобс, Рубио инсистираше дека операцијата „Епски бес“ е официјално завршена. Кога Џејкобс директно го праша: „Ако војната заврши, кој победи?“, Рубио ја понуди своја дефиниција за успех.
– Ја уништивме нивната морнарица и авијација, тоа е победа за нас. Веќе не спроведуваме континуирани напади во Иран, за да ја ослабиме нивната војска бидејќи операцијата „Епски гнев“ е завршена – рече Рубио, одбивајќи да го употреби зборот „војна“ за воената акција на САД.
Што се однесува до прашањето кој победи, ќе ви го кажам следново: ние ја дефинираме победата, додаде тој.
– За нас, победата е уништување на нивната одбранбена индустриска база, значително намалување на бројот на ракетни лансери што ги имаат, како и значително намалување на нивниот инвентар на беспилотни летала. Сето ова го постигнавме, заедно со уништувањето на она што остана од нивните воздухопловни сили. Целосно е уништена нивната конвенционална морнарица. Сето тоа е исчезнато и затоа го сметам за победа – рече Рубио во Конгресот.
Пратеничката Џејкобс му возврати цитирајќи ги најновите разузнавачки извештаи дека Иран ја обновува својата воена индустрија многу побрзо од очекуваното, забележувајќи ја загубата на американски војници и фактот дека иранскиот режим преживеал.
Рубио одговори дека не бил свесен за тие проценки. Тој обвинувајќи дека поединци „манипулираат со разузнавачката анализа за да ги промовираат своите наративи“. Додаде и дека иранскиот режим е „длабоко поделен“ и дека економијата е во хаос.
– Американскиот народ не е глупав, господине секретаре. Сите знаеме дека оваа војна не е завршена – му одговори Џејкобс.
Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за Си-Ен-Би-Си денеска рече дека секоја одлука за целосно враќање на воена акција против Иран ќе зависи од американскиот претседател Доналд Трамп. Нетанјаху нагласи дека и американските и израелските сили се целосно подготвени за такво сценарио.
Нагласи дрка конфликтот со Иран е далеку од завршен, но истакна дека Техеран е значително ослабен по досегашните напади.
Откако во јавноста излегоа детали од жестоките критики од Трамп до Нетанјаху поради израелските напади врз Либан, премиерто на Израел во интервјуто се обиде да го минимизира отворениот конфликт и навредите што ги доби од американскиот претседател. Во одговорот целосно ги игнорираше навредите и го префрли фокусот на заедничките воени цели.
– Претседателот Трамп и јас сме целосно усогласени кога станува збор за справување со либанската милитантна група Хезболах – рече Нетанјаху.
Во интервјуто, Нетанјаху ги оправда операциите на Израел на север, нарекувајќи го Хезболах „ирански прокси кој ги држи сите граѓани на Либан на нишан и ја користи таа земја како платформа за лансирање терористички ракети и убиствени беспилотни летала кон израелските градови“.
Тој заклучи дека целосното разоружување на Хезболах и демилитаризацијата на Либан се единствениот пат до траен мир и повтори дека е убеден дека тој и Доналд Трамп имаат заедничка, идентична цел во врска со тоа.
Трамп, пак, денеска потврди дека го нарекол Нетанјаху луд и дека му рекол оти израелските напади врз Либан мора да прекинат.
На оваа тема на сослушвањето на Рубио во Конгресот, државниот секретар се обиде да го објасни контекстот на драматичниот телефонски повик. Рече дека Вашингтон претходно оваа недела имал повеќе разузнавачки индикации дека Израел планира тешко бомбардирање на самиот центар на либанската престолнина Бејрут.
Тој изрази надеж дека тековниот состанок на либанските и израелските официјални лица во Вашингтон, на кој се разговара за мировен план, ќе резултира со заедничка изјава и со акциски план.
Најновата, четврта рунда разговори, која е насочена кон прекин на борбите меѓу Израел и милитантното проиранско движење Хезболах во Либан и постигнување долгорочен мир, почна вчера и би требало да заврши денеска.
Преговорите меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи и кои официјално се во војна од 1948 година, продолжија во американскиот Стејт департмент.
Израел почна напади врз Хезболах на почетокот на март, кога милитантната група, во знак на поддршка за Иран, почна да лансира ракети и дронови кон Израел. Нападите, чии цели на почетокот беа во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут, кои се упоришта на Хезболах, подоцна се проширија и на други области во Либан, а Израел почна и ограничена копнена операција во земјата.
Tagged as:
Нетанјаху: Војната не е ни блиску до крајот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
