Бруто-домашниот производ порасна за 3,1% во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во градежништвото од 7,2% и во секторите „стручни, научни и технички дејности“ и „административни и помошни услужни дејности“ од 6.1 %.
Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 %.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година, во однос на првото тримесечје од 2025 година, е 3,3 %.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
