Background

Шпанските туристички дестинации почнаа да ги намалуваат цените, што е невиден потег од крајот на пандемијата, како одговор на падот на резервациите за шпицот на летната сезона

Шпанските туристички дестинации почнаа да ги намалуваат цените, што е невиден потег од крајот на пандемијата, како одговор на падот на резервациите за шпицот на летната сезона, објавува „Ел Паис“.

-Претпродажбата е доста забавена, а попустите се брз одговор за стимулирање на продажбата – вели портпаролот на голема група туристички агенции.

Хотелите и агенциите со тоа сакаат да избегнат повторување на минатогодишното сценарио, кога рекордно високите цени влијаеја врз бројот на ноќевања на германските и француските туристи. Странските патници, од друга страна, ги одложуваат резервациите со надеж за понуди во последен момент или размислуваат да останат во своите земји поради високите трошоци.

- Advertisement -
Ad image

Додека цената на аранжманите за Турска Анадолија се зголеми за 35%, а за Ривиера Маја се зголемија за 12,5%, цените за петте анализирани шпански дестинации – Гран Канарија, Мајорка, Тенерифе, Менорка и Мохакар – забележаа остар двоцифрен пад.

Аранжманот за Мохакар забележа најголема корекција со пад од 23,3% или  за 627 евра помалку, по што следуваат Мајорка со 22% (480 евра помалку) и Тенерифе со 20,2% (426 евра помалку).

Новата економска и геополитичка средина, создадена по нападот врз Иран на крајот на февруари, беше одлучувачки фактор во оваа промена.

Зголемувањето на цените на нафтата, враќањето на инфлацијата и експоненцијалното зголемување на трошоците за транспорт на стоки по затворањето на Ормускиот теснец директно влијаеја врз одлуките за купување на трите најголеми пазари на шпанскиот туризам – Обединетото Кралство, Германија и Франција, кои заедно сочинуваат 45% од странскиот туризам.

Марија Хозе Агило, генерален секретар на Федерацијата на хотели на Мајорка, ги припишува намалувањата на агресивните кампањи на туристичките агенции за обезбедување продажба.

-Забавувањето на резервациите е сè уште присутно на германскиот пазар, кој со години опаѓа, но затоа британскиот пазар е многу динамичен, како и скандинавскиот, американскиот и канадскиот. Тука нема намалувања на цените. На Мајорка, цените остануваат стабилни или растат – тврди таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖