Background

Тревога во Кувајт и во Бахреин, преговорите во ќорсокак

Ракети повторно ги засенија надежите за дипломатски пробив меѓу САД и Иран. Земјите започнаа нова рунда напади откако разговорите за прекин на огнот не донесоа напредок.

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека извела напади врз цели на иранскиот остров Кешм, сместен во Ормускиот Теснец, пишува Би-Би-Си. Од Вашингтон тврдат дека акцијата била изведена во самоодбрана.

ЦЕНТКОМ вели дека нападите биле одговор на ирански активности насочени кон американски интереси и кон бродови што пловат низ регионот.

Ракети кон Кувајт и кон Бахреин

- Advertisement -
Ad image

Американската војска соопшти дека Иран испукал ракети кон Кувајт и кон Бахреин. Според истите информации, дел од проектилите се распаднале, а останатите биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана.

На социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од Кувајт. На некои се тврди дека прикажуваат проектили, на други дронови.

 

 

 

 

На друга снимка се тврди дека се прикажани камиказе дронови на Иран на небото над Кувајт.

 

Иран, пак, тврди дека нападнал американски бази и воени цели во регионот како одговор на американските операции.

Техеран предупреди дека секое загрозување на Ормускиот Теснец ќе има висока цена.

Американците нападнале и танкер

ЦЕНТКОМ соопшти и дека американските сили онеспособиле танкер што пловел кон Иран. Според американската верзија, бродот не одговорил на повеќекратни предупредувања во период од 24 часа.

Објавена беше и снимка на која, според Пентагон, се гледа моментот на нападот.

Вашингтон тврди дека станува збор за дел од поморската блокада што ја спроведува во регионот.

Фото: Принтскрин

„Седнете, опуштете се“

Новите судири доаѓаат само неколку дена откако Доналд Трамп порача дека Иран сака договор и дека решението е поблиску отколку што многумина мислат.

– Само седнете и опуштете се. На крајот сè ќе биде добро – изјави американскиот претседател.

Но теренот испраќа поинаква порака. Разговорите за прекин на огнот и за поширок мировен аранжман останаа заглавени и во текот на викендот не беше постигнат значаен напредок.

Рубио без нови отстапки

Американскиот државен секретар Марко Рубио настапи пред Конгресот и порача дека Вашингтон нема да нуди олеснување на санкциите кон Иран без конкретни чекори од иранска страна.

– Секое олеснување на санкциите мора да биде поврзано со причините поради кои тие беа воведени – рече Рубио, мислејќи на нуклеарната програма на Иран.

Ормускиот Теснец останува главен спор

Една од клучните точки на спорот останува Ормускиот Теснец. Вашингтон бара гаранции за безбедна пловидба и отворање на поморскиот коридор.

Паралелно се отвораат и прашањата за иранската нуклеарна програма и за режимот на санкции.

Техеран обвинува дека американската страна постојано ги менува условите.

– Вашингтон поставува нови и контрадикторни барања – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation