Background

ДОБРО Е ШТО НЕМА РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО, А ЛОШО E ШТО СЕ ГУБИ ДОВЕРБАТА КАЈ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат под знак прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите.

– Најважното прашање е дали постои ризик по здравјето на граѓаните. Во конкретниот случај не станува збор за производи што директно би можеле да го загрозат здравјето. Сепак, проблемот е што декларираниот состав не се совпаѓа со резултатите од лабораториските анализи. Доколку тоа навистина се случувало, тогаш оправдано се поставува прашањето што сè се случувало во минатото. Станува збор за редовни контроли и проверки. Таквите контроли ќе продолжат и кај други производи. Штетата не е само морална, туку и финансиска. Сметам дека во вакви случаи под знак прашање се доведуваат и угледот на производителите и довербата на потрошувачите – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашње по отворањето на новиот базен Карпош.

На прашањето дали контролата била вонредна, Мицкоски рече дека станува збор за редовна контрола и додаде дека АХВ ќе продолжи, согласно своите законски надлежности, да ги презема сите неопходни мерки во овој случај.

- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за храна и ветеринарство откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. АХВ тестирала 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите. Од вкупно 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите не одговараат на Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Кај нив е утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано.

Поради измама на потрошувачите со прикажување лажни проценти на млечна маст, АХВ казни уште осум други оператори со храна. Овие производители и увозници ќе мора да платат парични казни во износ од по 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation