Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2026 год. бр. 08 – 16182/127 од 10.12.2025 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.15/2025), Одлука за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во Општина Охрид бр. 08-17532/73 од 26.12.2025г, Извод бр.19-5047/2 од 21.04.2026 г., Извод бр.19-5047/3 од 21.04.2026 г. и Извод бр.19-5047/4 од 21.04.2026г. од Општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски Пазар бр.02-235/6 од 12.05.2026 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:
ОГЛАС бр. 10-1/2026
ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:
Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република
Локациите за Станици за подвижна урбана опрема се наоѓаат:
Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.
Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.06.2026 до 15.09.2026 година.
2.1 Почетната цена за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 дена
2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
период од 90 (деведесет) дена.
2.3 Избраните понудувачи се должни да ја сервисираат обврската кон општината по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) која се пресметува за м2 дневно согласно постојната законска регулатива.
2.4Договорите со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.
– во целост да го почитува утврденото работно време;
– да ги почитува прописите утврдени за ваков вид на работа;
– понудувачот кој има статус на физичко лице, по склучување на договорот задолжително да побара од УЈП решение за паушално оданочување со данок на доход.
Согласно законската регулатива, физичките лица паушално оданочени задолжително, самостојно ја обавуваат дејност.
-избраните понудувачи немаат право да вршат поставување на дополнителна опрема надвор од објектот.
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:
Право на учество на јавниот повик немаат:
3.2 Понудувачот треба да достави:
За правни субјекти
За физички лица
Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.
Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:
„НЕ OTBOPAJ“
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на подвижна урбана опрема бр. 10-1/2026
„Булевар Туристичка“ 6p.79 Охрид
Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид во затворен плик.
ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена и неуредна достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.
Пријавите да се достават најдоцна до 08.06.2026 год. во 11.00 часот.
или
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.
Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.
Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.
Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.
Напомена: Закупувачите задолжително треба да се поставуваат на предвидените локации на Улица Кеј Македонија, Плоштад Крушевска Република и Патека Студенчишта. Забрането е поставување на опремата на Плоштад Св.Климент Охридски и ул.Македонски Просветители, а доколку не се почитува ова правило, договорите ќе бидат раскинати еднострано без надомест на штета спрема закупците.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
Директор
Александар Попоски
Графички приказ
Образец на пријава
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА
ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 10-1/2026 ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ
Име на понудувачот:
(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)
Контакт информации
Седиште/адреса:
Телефон:
моб.телефон:
факс:
Е-пошта(задолжително):
Лице за контакт:
Одговорно лице (управител):
Даночен број: ЕМБС
ЕМБГ: (за физичко лице)
_______________________ _________________________________
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
